Насловна / Вести / Податоци на Cushman&Wakefield за пазарот на недвижности, најмногу станови во Аеродром

Податоци на Cushman&Wakefield за пазарот на недвижности, најмногу станови во Аеродром

На 26 февруари 2020 година, во Хотелот DoubleTree by Hilton Скопје, Cushman & Wakefield/FORTONMKA ја одржа својата прес-конференција на која беа презентирани податоците за пазарот на недвижности за претходната година, како и очекувањата и трендовите за 2020 година.

DAD_6506_resize

НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА ДОЗВОЛИ ЗА ГРАДБА ЗА СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ СЕ ИЗДАДЕНИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ – 1.542, НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР – ПРОСЕЧНА НЕТО ЦЕНА ОД 1.062 ЕВРА ЗА КВАДРАТЕН МЕТАР.

Во текот на 2019 година во Скопје се издадени одобренија за градба на вкупно 3.191 станбени единици, од кои најголем број дозволи – 1.542 се издадени за Општина Аеродром, а потоа следува Општина Центар со одобренија за градба на 398 станбени единици.

Овие податоци за број на издадени дозволи за градба во главниот град беа објавени на вчерашната прес-конференција од FORTONMKA, консултантска компанија за недвижен имот и партнер на алијансата Cushman & Wakefield – најголемата приватна консултантска компанија за недвижности. Беше презентиран преглед на пазарот на недвижности за 2019 година, како и очекувањата за 2020 година во сегментите на станбениот, деловниот, малопродажниот и индустрискиот пазар.

stan2_resize

одобренија за градење на станбени згради

Што се однесува до станбениот сегмент, нето просечните цени (без ДДВ) за метар квадратен во Скопје се највисоки во Општина Центар и изнесуваат 1.062 евра / м2, а потоа следува Општина Карпош – 1.022 евра / м2, Аеродром – 909 евра / м2, Кисела Вода – 884 евра / м2, Чаир – 790 евра / м2 и Ѓорче Петров со просек од 780 евра / м2. Пазарот го диктира типот на станбени единици, најбарани се станбени единици со помала површина од 36 м2 до 52 м2 и од 53 м2 до 67 м2. Согласно податоците за последните две години, брјот на продадени станови во Општините Центар и Карпош е поголем од бројот на понудените станови за истиот период, што значи дека цената во овие општини може да порасне доколку мораториумот не престане. Во спротивно, доколку се издадат нови одобренија за градење цените ќе останат стабилни.

stan1_resize

цени на станови за квадратен метар и изгледноста на станбениот пазар

 „Пазарот за станбен простор во Скопје е стабилен за потенцијалните инвеститори, поддржан од намалените каматни стапки на станбените кредити како и релаксирачките банкарски услови. Неколку банки веќе ги промовираа новите услови за станбени кредити со 10 годишна фиксна каматна стапка. Согласно податоците од НБРМ, просечните каматни стапки на станбените кредити (во денари, без девизна клаузула) опаднале од 4.89% во 2018 на 3.98% во 2019 година, додека пак просечните каматни стапки за станбените кредити со девизна клаузула за 2019 изнесувале 4.33%, намалени за 0,03 процентуални поени на годишна основа.” вели Влатко Богоевски, извршен директор на FORTONMKA.

stan_resize

број на продадени станови

Пазарот за деловен канцелариски простор се смета за стабилен и најактивни се локалните и веќе постоечки компании. Новите проекти, очекувани во 2020 ќе го зголемат вкупниот обем на канцелариски простор за речиси 10% (27.800 м2) но цените на закуп ќе останат стабилни и ќе се задржат на сегашното ниво. Цените на изнајмување се движат помеѓу 11 и 15 евра / м2 за деловен простор од Класа А во централниото градско подрачје и помеѓу 9 и 11 евра / м2 за канцелариски простор од Класа А во другите делови на Скопје. За изнајмување на канцелариски простор од Класа Б цените на закуп се движат помеѓу 7-10 евра / м2, во централното градско подрачје и 5-7 евра / м2 на другите градски локации. Повратот на инвестиција во деловен простор е 11,5 години. Пазарот исто така бележи зголемен интерес и потреба за инвестирање во “build-to-suit” концепти, согласно специфичните барања на потенцијалните закупци. Проектоt “East Gate“ ќе понуди современ канцелариски простор, заснован на концептот ‘’build-to-suit’’, со вкупна нето површина од 60.000 м2, распоредени во 5 кули, велат консултатнтите од FORTONMKA.

DAD_6613_resize

Со 0% слободен простор од вкупниот малопродажен простор од 105.157 м2 во трговски центри, Скопје има недостаток од ваков вид на малопродажни објекти. Најголемиот проект од ваков вид  e  East Gate Mall, so 56.800 m2  нето површина за изнајмување, планиран да се испорача н пазарот во Q1 2021. Неколку нови брендови го најавија своето доаѓање на пазарот на првите премиум локации во ‘’East Gate Mall” броејќи повеќе од 40% од вкупно издадениот малопродажен простор.

Со зголемениот интерест на инвеститорите за нови инвестиции, првиот ‘retail park’ проект во Скопје “Point Retail Park“ беше отворен во Јули 2019 година. Недостатокот на нови малопродажни формати, особено во градовите во внатрешноста, ги истакнува можностите за потенцијалните инвеститори, бидејќи овие градови имаат потреба од модерен простор за малопродажба. Цените за закуп на малопродажен простор се стабилни и изнесуваат 39 евра/ м2 на главните локации во трговските центри и 30 евра/ м2 на главните пешачки зони. Поради рекордно најнискиот процент на слободен простор во трговските центри досега, очекуваме цените за закуп да пораснат. Повратот на инвестицијата во малопродажен простор изнесува 11 години, посочи Богоевски.

FORTONMKA за 2019 година посочува на континуиран раст на завршени новоградби со идустриска намена, како и проекти во изградба, зголемен за 50% споредбено со 2018 година, во двата подсектори, производство и дистрибуција. Притоа, нови призводствени капацитети доминираат кај новоградбите со учество од 73%, или 51,000 м2, и дистрибутивни центри со учество од 27%, или 18,500 м2. Во периодот што следува, слободниот простор може значително да се намали во случај ако пазарот создаде услови слични на 2019, кога побарувачката се зголеми споредбено со 2018 година. При анализа на индустрискиот развој по региони, Скопје учествува со 84% од вкупно завршените новоградби во 2019. Во однос на локациски преференци, Скопје останува лидер при генерирање странски директни инвестиции поради достапност на квалификувана работна сила, и одлични транспортни врски за лица и стоки.

Инвестицискиот пазар обезбедува позитивен тренд и доверба во периодот кој следи. Сепак, степенот на поврат од инвестициите е помал во спореба со регионалните центри во Србија, Бугарија и Романија, како што се Белград, Софија, Букурешт, заклучува FORTONMKA.

DAD_6513_resize

Испрати коментар

Scroll To Top