За еден час, во 17 часот и 15 минути, по македонско време во Сочи на стадионот „Фишт“ ќе почне церемонијата на отворање на 22. Зимски олимписки игри. Според долгогодишната традиција деталите од церемонијата на отворање на игрите се држат во тајна. „Порта 3“, благодарение на руските колеги ви открива некои факти и „тајни“ од отворањето.
На церемонијата ќе присуствуваат 40.000 гледачи, а се очекува на малите екрани неа да ја гледаат милијарди луѓе. Домаќините најавуваат вистинско шоу, дотолку повеќе што покриениот стадион „Фишт“ е изграден само за отворање и затвoрање на игрите.
Помош во организацијата на церемонијата на просторите надвор и внатре во стадионот ќе пружат 2.000 волонтери. Се најавуваат некои новини во сценариото на отворање на игрите. Спортистите, нивното дефиле и стапување на сцена ќе биде по специјална рампа долга 48 метри, сместена во средината на стадионот. Во парадата ќе учествуваат околу 3.000 учесници, кои ќе ги претставуваат спортистите од 88 земји. Олимпискиот оган ќе биде запален со факелот што беше во вселената.
Театрализираниот дел од отворањето ќе ги претстави основните етапи од историскиот развој на Русија, од почетокот на државноста до денес. Уште сега се зборува за шоу кое ќе биде на највиско технолошко ниво за целата историја на церемонии на отворање на игрите. Секако ќе има и грандиозни музички настапи.