Од почетокот на октомври јавното претпријатие на Град Скопје, „Градски паркинг“ го воведува зимското сметање на времето за паркирање.
Па така, на паркиралиштата со кои стопанисува Градот, во зоните А,Б и Ц од понеделник до петок, паркирањето ќе се наплаќа од 7 до 21 часот, а не како до сега, до 23 часот.
Во сабота, паркирањето ќе се плаќа до 14 часот.
Во неделите и за празниците паркингот останува бесплатен.
Во зоните Д, во скопски „Аеродром“, наплатата од понеделник до сабота ќе се врши од 7 до 23 часот.