Насловна / Вести / Почнува „Технома 2017“

Почнува „Технома 2017“

Од денес па до 29 октомври во ВИП арената на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржува 43. Меѓународен саем „Технома 2017“. Така, гoлeми, средни и мали дoмaшни и стрaнски прoизвoдитeли од oблaстa нa мeтaлургиjaтa, eлeктрoтeхникaтa, енергетиката, нeмeтaлитe, грaдeжништвoтo, обезбедувањето и заштитата ќе можат да учествуваат на оваа манифестација.

Во организација на „Скопски саем“ паралелно со „Технома“ ќе се одржи и 37. Меѓународна изложба на иновации – МАКИНОВА 2017, каде компаниите ќе ги претстават и промовираат своите иновативни производи и методи.tehnoma-2017

Традиционално, на „Технома 2017“ ќе се претстават и националните економии на многу земји, покраини и региони, а за зголемување на соработката организирани ќе бидат стручни програми и Б2Б средби.

На отворањето на саемот е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Работното време на саемот е од 10 до 19 часот. Цената на редовната влезница е 50 денари, а за организирани групни посети 30 денари.

Испрати коментар

Scroll To Top