На денешната прес-конференција, којашто се одржа во ЈУ Младински културен центар, директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, коишто се и организатори на фестивалот, Иван Мирковски, куратор на Фестивалот „Скопје креатива 2017“, кој почнува утре и ќе трае до 6 мај ќе се одржува под мотото „Креирај, кокреирај!“ – Do Create! Co-create!.
Покровител и годинава е Град Скопје, а организатор Конгресниот центар „Александар Македонски“ од Скопје.
Директорката на Конгресниот центар „Александар Македонски“ Вера Бошковска на денешната прес-конференција информира дека има се поголем интерес кај пријавените учесници и гости за овој фестивал. Таа изрази надеж дека годинава ќе успеат да ја остварат својата цел – да ги вмрежат сите креативци и да се искористат потенцијалите на главниот град.
Кураторот на фестивалот Иван Мирковски истакна дека мотото на фестивалот „Креирај и кокреирај“ треба да генерира предизвици и да создаде нови методолошки пристапи кон самиот процес на соработка.
Програмскиот директор на фестивалот Иванка Апостолова нагласи дека фестивалот е поделен на стручни предавања и презентации, работилници за деца и за возрасни, форум посветен за директно здружување на дизјанерските уметнички заедници со бизнис секторот.
– Преку принцип на јавен повик поддржавме неколку интересни проекти за прототипи кои се надевам дека ќе бидат доста инспиративни за публиката, рече Апостолова.
Публиката ќе може да ги погледне проектите „Виртоскоп“ на Газменд Ајруловски, „Македонска мушичка“, работилницата за деца „Мириса на дожд“ (изработка на мантили за деца), едукативната работилница на Изабела Новотни за развојот на кукленото мајсторство, „ХАЕМУС“ со Розалии-празникот на розите… Од странските истражувачи предавање ќе има Франк Циренберг од Германија, Микхал Пијерниковски од Полска, Дорина Арапи од Алабнија…