Продажбата на станови во првите станбени кули на „Белград на вода“ ќе започне следната недела, објави во Кан градоначалникот на српската престолнина Синиша Мали.
„Од понеделник секој граѓанин кој е заинтересиран ќе може преку веб страницата на „Белград на вода“ да ги добие сите информации во врска со продажба на станови, а исто така, следната недела ќе ги објавиме сите детали и во медиумите“, изјавил Мали пред новинарите на Меѓународниот саем на недвижности (MIPIM) во Кан.
Според неговите зборови, продажбата на станови во првите две кули започнува во понеделник, а потоа оди објавата за идејно решение на хотел со пет ѕвездички, кој ќе „придонесе за убавината на овој дел од градот“.
Мали, член на Управниот одбор на „Eagle Hills“ која го гради „Белград на вода“, Мохамед Алабар, и главниот архитект на кулата Белград Џорџ Ефстатиу, на штандот на компанијата разговарале со голем број заинтересирани страни.
Алабар, говорејќи пред новинарите на српските медиуми кои го придружуваат овој саем, рекол дека „Eagle Hills “ се подготвува да започне со изградба на станбените кули летово, како и дека другите објекти и трговски центар се во процесот на дизајнерско решение.
Според него, градовите на денешницата, за да преживеат и да напредуваат, мора да имаат мешавина која го прави животот, тоа е животот на улиците, во парковите, канцелариите, трговските центри.
„Ако сакате да го направите тој спој, мора да се осигурате дека постои хармонија помеѓу овие елементи, и дека сè мора да се вклопи во културата на градот во кој ќе се изгради“.