Ви го претставуваме Oresund. Почнува како мост со должина од 8 километри, а завршува како тунел со должина од 4 километри и претставува архитектонско чудо кое ги поврзува Малме и Копенхаген. И не би било ништо чудно доколку тунелот не започнува во сред море. Го проектирала данската фирма COWI.
Има два пилони со височина од 204 метри кои го држат мостот со распон од 490 метри над каналот Флинте. На горниот дел се наоѓа пат за моторни возила, додека под него минува пруга.
Мостот се завршува на вештачки остров направен од материјали од морското дно. Дозволено е флората и фауната на островот сами да се развиваат што е вистински рај за билозите кои таму пронашле 500 различни висови билки, а островот е исто така и живеалиште на многубројни птици и ретките желени жаби.
Возењето од Малме до Копенхаген преку овој мост-тунел трае 35 минути.
А поминувањето преку него со автомобил е 22 ЕУР во еден правец.