Во Вировитичко-подравската жупанија во Слатина, овој месец започнува изградбата на висечката соларна централа „Sinerot“. Моќноста на оваа централа е околу 500 kW, а фотоволтаичните панели ќе бидат поставени на столбови високи четири метри на растојание од осум метри.
Земјиштето на кое ќе биде инсталирана оваа централа ќе се користи за одгледување на зеленчук, а електричната енергија од самата централа ќе се користи за наводнување на овие култури. Вишокот на електрична енергија ќе се предава на образовните инстутуции во оваа жупанија. Исто така, централата ќе се користи и за едукативни цели. Вредноста на оваа постројка изнесува над 850.000 евра, од кои Вировитичко-подравската жупанија обезбедила околу 170.000 евра, а остатокот е обезбеден од страна на Фондот за заштита на животната средина.