Насловна / Вести / Почнува изградбата на придружни објекти по автопатите

Почнува изградбата на придружни објекти по автопатите

30 pridruzni objekti na avtopat

Владата започнува со реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. Од нив, две се локации по автопатот од Кичево до Охрид во близина на селата Мислешево и Смилево, три се локации на потегот Демир Капија – Смоквица во близина на месноста Миравци и Милетково и четири локации по трасата на новиот автопат Скопје – Штип во близина на Свети Николе, Пеширово и Сопот.
„За овие девет локации, Министерството за транспорт и врски и останатите надлежни институции веќе ги отпочнаа процедурите кои водат кон изработка на урбанистичко-планската документација“, истакна Ѓорѓиев, додавајќи дека се очекува процедурите да бидат готови до крајот на годинава или почетокот на идната.
Деветте локации ќе бидат понудени на продажба преку јавна електронска аукција.
„Со воспоставувањето на вакви содржини се постигнуваат повеќе цели како што се подигнување на квалитетот на транспортот и сообраќајот и отворањето на нови можности за бизнис-заедницата и инвестиции кои ќе придонесат за локален и економски развој“, нагласи Ѓорѓиев.
Во следниот период се очекува да бидат утврдени дополнителни локации за изградба на вакви објекти на автопатиштата и на магистралните и регионалните патишта во државата.

Испрати коментар

Scroll To Top