Насловна / Вести / Почнаа подготовките за изградба на автопатот од Скопје кон ГП Блаце

Почнаа подготовките за изградба на автопатот од Скопје кон ГП Блаце

Вицепремиерот Бујар Османи ги поздрави напорите од Косово за завршување на автопатот од 55 километри што води кон граничниот премин Блаце со Република Македонија и соопшти дека се почнати подготвителните работи за проектирање и реализација и на нашиот дел од автопатот, од Скопје кон ГП Блаце во должина од 13 километри.patista

Во видеообраќање од автопатот во изградба во Косово, во близина на Качаничка Клисура, Османи рече дека како вицепремиер ја раководи министерската група задолжена од Владата за реализација на овој проект.

– Секретаријатот за европски прашања веќе обезбеди 1,3 милиони евра за проектирање и студија на теренот за реализација на нашиот дел од автопатот и техничките групи се веќе на терен. За овој стратешки проект многу се зборуваше во минатото, но поради многу причини, вклучително и политички, некако беше ставен во заборав, изјави Османи.

Вицепремиеерот нагласи дека автопатиштата се важни артерии за развој на една држава, но кога спојуваат две соседни држави стануваат, рече, и мостови на пријателство меѓу луѓето.

Минатата година на ГП Блаце, рече Османи, поминале 2,7 милиони возила во двата правца, Македонија во Косово извезла стока во вкупна вредност од 190 милиони евра, а увезла стока од 40 милиони евра.

– Тоа зборува за значителен суфицит во наша полза. Ако на овие бројки ги додадеме 30 милиони евра проценети трошоци на косовските државјани на годишно ниво во Македонија за здравствени услуги, тоа исто така зборува за влијанието на овој автопат за економијата на Република Македонија, истакна Османи.

Тој укажа и дека извозот од Македонија во Косово, кој во 2011 година  изнесувал 420 милиони евра, сега е двојно намален поради изградбата на автопатот Пришина – Тирана.

Испрати коментар

Scroll To Top