Општината Чаир ги почна работите за изградба на втората фаза од плоштадот „Скендер-бег“ и се очекува булеварот „Гоце Делчев“ да биде покриен.
Според информациите, над булеварот ќе се изгради плоштад од 8000 квадратни метри, кој ќе се протега од Старата скопска чаршија до Македонската опера и балет. Откако ќе заврши овој дел од изградбата, општината најавува изградба на подземни паркинзи, кои треба да примат околу 400 возила. Додека се извршуваат градежните работи, ќе се воведе и сообраќаен режим за возилата на булеварот.