Насловна / Вести / Почна санација на прекинатиот пат кон село Балталија, Штипско

Почна санација на прекинатиот пат кон село Балталија, Штипско

balt1

Општина Штип со ангажирана механизација започна со санацација на патот до село Балталија кој е во прекин. Како резултат на доаѓањето на Балталиска река, се случи поголем одрон на брегот покрај кој е делница на патот, по што сообраќајот беше во прекин. Во овој момент направена е заобиколна лента за да нема прекин на сообраќајот. Се прават напори и за воспоставување на сообраќај до селата Пухче и Суво Грло, како и Танатарци каде водата ги однесе времените премини.balt5
Во Лакавичкиот регион, штетите се големи. Земјоделците останаа без се што посадија, настрадаа пластеници, ниви со ран зеленчук, овоштарници како и имоти, викендици и домови на луѓе кои се лоцирани непосредно до реката од 20.тиот километар па се до 4.тиот, кај штипско Софилари.
Формирани се три комисии за проценка на штети од локалната самоуправа кои веќе се на терен, а граѓаните можат да пријават штети и во Општина Штип со пополнување на формулар.balt3 balt2 balt6

Испрати коментар

Scroll To Top