Започна реализацијата на првонаграденото решение за прототип велосипедски паркинг – „Велоштад“ на младите Михајло Стојановски и Теа Дамјановска од конкурсот за #ВелоПаркинг, организиран од Скопје Лаб.
Решението е во процес на изведба на локација во склоп на Транспортниот Центар во Скопје, непосредно до влезот и паркингот за Автобуската станица на делот кон улицата „Владимир Комаров“ и булеварот „Кузман Јосифовски Питу“.