Насловна / Вести / Почна поставувањето на платформата за паркинг кај плоштадот во Штип

Почна поставувањето на платформата за паркинг кај плоштадот во Штип

1939954_657214367671541_552257314_n
За време на викендот, започна поставувањето на првата платформа за паркирање спроти градскиот плоштад во Штип. Поставени се метални попречни шини, од страна на штипската фирма „Алмонт“, на кои ќе бидат поставени и останатите целини на кои ќе се врши паркирање. Првата платформа има одредени измени, односно наместо цела, ќе биде поставена само странично, на двете страни до каде се столбовите во средината на коритото кон тротоарите. Средишниот дел останува слободен и ќе биде уреден со природен камен, бидејќи од мостот кај гимназијата, веќе е започнат процесот на уредување на коритото токму кон платформата.
1796437_657214391004872_23516190_n
Оваа платформа се гради преку јавно-приватно партнерство, а слично ќе биде и со втората која се наоѓа спроти градскиот трговски центар. Наместо пет платформи, ќе бидат изградени само овие две кои ги започна контракторот „Кибилд“ од Бугарија. Заради неисполнување на обврските од договорот, тој беше раскинат по што „Кибилд“ се повлече, а општина Штип самостојно со поддршка на бизнис секторот и донации започна со уредување на коритото. Поставувањето на платформите е преку јавно-приватно партнерство.
1896883_657214357671542_480109136_n

Испрати коментар

Scroll To Top