Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец. Изведувач на градежните работи е српската фирма „Кото“.
Mинистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, изјави дека ресорното министерство за обновата на конаците одвоило два милиони евра. „Овде конаците ќе се изградат според проектот оти Трескавец е споменик на културата од највисок ранг. Рокот е три години. Се договоривме и за уште еден друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежните работи. Од фирмата „Кото“ велат дека ќе се потрудат да ги забрзаат градежните работи и да ги изградат конаците според сите стандарди“, истакна Канческа-Милевска.
Паралелно, прилепскиот Завод и музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од 13 век.
Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс треба да се заврши до 2018 година.