Дедо Мраз со својот камион полн со пакетчиња од „Тинекс“ вчера тргна од СОС Детското село каде тамошните жители го пречекаат со широка насмевка.
Новогодишниот караван на „Тинекс“ во следните две недели ќе додели 1.700 пакетчиња во 40 установи и институции во 11 градови во Македонија. Украсениот новогодишен камион на Дедо Мраз тргна со пораката дека секое дете треба да ја почувствува топлината и среќата на новогодишните празници.