Каде подобро да се проверат и видат трендовите во скандинавскиот дизајн ако не на самото место – во главниот град на Шведска.
Вчера, најголемиот саем на скандинавскиот дизајн Stockholm Furniture Light&Fair 2016 го отвориле познатите англиски дизајнери Edward Barber и Jay Osgerby, кои се, исто така, и почесни гости на саемот.
Најголемиот саем на скандинавскиот дизајн преку 60 години привлекува архитекти, дизајнери и новинари од целиот свет во главниот град на Шведска.
Во прилог на големиот број настани, што низ Стокхолм се случуваат за време на „Недела на дизајн“, централната манифестација се одржува под куполите на саемот.
На саемот меѓу останатите ќе изложуваат и познатите шведски студија и дизајнерски тимови како што се: CKR, STUDIO E.O., Anton Alvarez, Johannes Norlander, Alexander Lervik или Lammhults.
Stockholm Furniture & Light Fair 2016, кој се одржува од 9 до 13 февруари, е местото каде што може да се видат трендовите во скандинавскиот дизајн, каков вид на мебел и осветлување ќе ги красат домовите и како дизајнерите ја гледаат оваа индустрија во смисла на одржливост и ефикасност.
Колку овој саем е голем, зборува и податокот што тој се одржува на 70.000 квадратни метри, на коишто околу 750 компании ги изложуваат своите најнови производи.
Саемот секоја година го посетуваат околу 40.000 посетители од 70 земји, а сето тоа медиумски го следат околу 1.100 новинари.
Најголемите излагачи на саемот, покрај Шведска, се Данска, Финска и Норвешка – речиси 80 отсто од сите изложувачи се, всушност, од Скандинавија.
Од нашиот регион оваа година нема компании и излагачи.