Жичарницата на Водно и туристичкиот панорамски автобус почнаа да возат по летна шема. Жичарницата почна да работи од 9 до 19 часот. Тоа се, всушност, првиот и последен термин за качување, односно симнување од Водно. И панорамскиот туристички автобус го смени распоредот на поаѓање. Од неодамна вози по летна шема, првата тура е од 11, а втората од 17 часот.
Од ЈСП информираат дека и во двата случаја цената на билетот останува иста. За жичарницата, билет за возрасни чини 100 денари, односно 50 денари за деца, а пензионерите можат да се возат бесплатно. И за туристички разглед на Скопје билетот и понатаму чини 35 денари. Автобусот и летово ќе вози по истата туристичка траса како и изминатата година.