Штипското село Суво Грло кое е одалечено на околу четири километри од регионалниот пат до Радовиш ќе добие асфалтен пат.
– Инвестицијата е во вредност од 13 милиона денари и се обезбедени со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој. Патот е во должина од 3 километри и со широчина од 3.5 метри и дополнително по уште еден метар од двете страни со канали за прифаќање на атмосферската вода – изјави Тоше Ѓоргиевски од Општина Штип.
Минатата година локалната самоуправа направи половина од патот до соседното село Пухче и се очекува годинава да го заврши останатиот дел со што ќе се заокружи дел од инфраструктурата во Лакавичкиот регион. Исто така, планирано е село Селце и Драгоево да добијат асфалтирани улици за што веќе се работи на тендерска постапка.