Локацијата каде што традиционално се случува „Штипската пастрмалијада“ ќе добие нов изглед. Во пресрет на 10. издание на манифестацијата, Општина Штип презеде активности за уредување на крстосницата „Дујле“ која ќе добие кружен тек.
Проектот е изготвен и од денес започнаа активности за уредување на крстосницата. Сообраќајот ќе биде пренасочен, а се очекува активноста да заврши за десетина дена со цел новото издание на Пастрмалијадата да се случува на подновената локација.
Инаку станува збор за крстосница која се наоѓа веднаш до градскиот стадион и која се наоѓа пред влезот во централниот дел на градот.
bravo….super za stip