Насловна / Вести / Почна изградбата на водоводна мрежа на улицата „Саса 30“ во Пинтија

Почна изградбата на водоводна мрежа на улицата „Саса 30“ во Пинтија

Градежните активности кои се дел од проектот на општина Кисела Вода за продолжување на постојната водоводна мрежа на улица „Саса 30“, пуштена во употреба пред три години, се во тек.pintija vodovodna mreza_4

Екипите работат на поставување на цевки од дуктулно железо со различен дијаметар, во должина од околу 740метри.
На оваа мрежа ќе се приклучат околу 30 до 40 домаќинства кои живеат во непосредна близина, а можност за приклучок, во иднина ќе имаат и новоизградените објетки во тој дел од населбата Пинтија.pintija vodovodna mreza_2

Општина Кисела Вода за изградбата на новата водоводна мрежа одвои вкупно 5.893.214 денари. Според договорот градежните активности треба да завршат за 90 дена од почетокот на изведбата на проектот.

Испрати коментар

Scroll To Top