Насловна / Вести / Почна изградбата на паркот „Макфест“ во Штип

Почна изградбата на паркот „Макфест“ во Штип

Градежната фирма „Актива“ – Штип од денеска почна да го гради паркот „Макфест“, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „Ацо Шопов“, каде секоја година се одржува фестивалот на забавна музика „Макфест“. Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева, вели дека средствата од 130.000 евра се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за рамномерен регионален развој.
– Паркот „Макфест“ е прв на приоритетната листа за финасирање на проекти, за кои средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој или поточно тоа се средства од националниот буџет преку Бирото за регионален развој, – вели Здравева.i-1
Нада Наџинска од Одделението за урбанизам во Општина Штип, вели дека проектот содржи фонтана, плато до фонтаната, парк кој ќе се обнови со нови патеки, а ќе има и висечки мостови околу фонтаната на кои ќе има канделабри и звучници за да може да се слушаат песните од фестивалот „Макфест“.
17
– Во попладневните часови, два часа, од 18 до 20 часот, ќе се слушаат познатите рефрени од „Макфест“, а деновите кога ќе се одржува фестивалот преку цел ден ќе се емитуваат песните. Овде ќе имаме и еден простор, каде што на плочки ќе се означуваат, забележуваат сите победници на фестивалот од претходните години и оние што ќе бидат победници, – вели Наџинска.
Покрај фонтаната во паркот ќе има и амфитеатар, кој ќе го поврзува платото на фонтаната со пешачката зона. Рокот за изградба на паркот „Макфест“ е еден месец.
20151130_110356

Испрати коментар

Scroll To Top