Почна да се гради панорамското тркало над реката Вардар, вредно 18,2 милиони евра, инвестиција на ЈСП Скопје.
Камионите на градежната компанија „Бетон“ од Скопје деновиве полека навлегуваат во речното корито, од левата страна на брегот, јавуваат медиумите.
Мостот ќе биде долг 118 метри и широк 13 метри. Од „Бетон“ информираат дека во рок од 20 дена е предвидено поставување платформа на која ќе се подигнуваат армираните столбови кои ќе го држат тркалото.