Насловна / Вести / Почна изградбата на новиот водовод на улица „Скупи“ во Злокуќани

Почна изградбата на новиот водовод на улица „Скупи“ во Злокуќани

vodovod-Madzari-3

Почна изградбата на новата водоводна мрежа по дел од улицата „Скупи“, во населба Злокуќани.
Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Бојан Василевски.
„Со изградбата на новата водоводна мрежа околу 2.000 жители во овој дел од градот ќе добијат поквалитетно водоснабдување затоа што со новата мрежа ќе се овозможи циркулационо движење на водата“, рече Трајановски.
Се очекува градежните работи да завршат за 20 работни дена.
Василевски информираше дека за изградба на новата водоводна мрежа на ул. „Скупи“, ЈП „Водовод и канализација“ ќе потроши околу 4,5 милиони денари.

Испрати коментар

Scroll To Top