Терминалот е наменет за заминувања, ќе има шест check-in шалтери за регистрација на патниците, како и простории за претставниците на авиокомпаните. Исто така, ќе се изградат и службени простории за претставниците на Царината и полицијата. Предвиден е и нов простор за сортирање на багажот со целокупна пратечка опрема, како и две нови линии за контрадиверзиона контрола.
Новиот терминал се гради на на слободната површина на северниот дел од аеродромот, во продолжение на постоечката терминална зграда. Проектот се реализира преку посебен аранжман со УНДП.