Во Чиле, во пустината Атакама, започна изградбата на најголемиот оптички и инфрацрвен телескоп во светот. Телескопот наречен ELT или Extremely Large Telescope, ќе биде сместен на врв на планина од 3.000 метри надморска височина.
Телескопот ќе собира 100 милиони пати повеќе светлина отколку човечкото око. ELT е дело на Европската јужна опсерваторија.