Со поставување камен-темелник денеска беше означено почнувањето на градежните работи за изградба на приклучни рампи на постојниот натпатник на северната обиколница околу Скопје во близина на месноста Смилковци.
– Оваа клучка ќе овозможи побрз и побезбеден транспорт на околу 8.000 жители од пет населени места на кои за 10 километри ќе им го скрати патувањето до центарот на Скопје. Се работи за инвестиција од околу 40 милиони денари, а предвидено е градбата да трае околу една година, – изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по поставувањето на камен-темелникот.