Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е најавен почетокот на комерцијалното снабдување со електрична енергија од првата нуклеарна електрана која е изградена во една арапска земја. Според премиерот на ОАЕ, со тоа е направен историски чекор. Станува збор за нуклеарната електрана Barakah, која кога ќе биде целосно завршена ќе има четири реактори. Од август 2020 година, во пробен погон е само еден реактор, а кога ќе бидат завршени и другите три, тогаш оваа централа ќе може да покрива 1/4 од потребите од електрична енергија во ОАЕ, каде потрошувачката е особено висока во текот на летото.
Електраната е изградена од страна на конзорциум составен од компании од ОАЕ и Јужна Кореја, а вкупната инвестиција се проценува на околу 20 милијарди евра.