Насловна / Вести / Почна градењето на најдолгиот пешачки мост на планетата

Почна градењето на најдолгиот пешачки мост на планетата

most rojte

Во Австрија почнаа градежните работи на конструкцијата што може да се покаже како најдолгиот висечки пешачки мост во светот.
Мостот може да привлече луѓе кои сакаат авантуризам бидејќи нуди можност од шетање по нестабилна конструкција на височина од 110 метри.
Мостот ќе се изгради во тиролскиот Рojте, а ќе биде долг 403 метри и ќе чини 1,8 милиони евра. Ќе ги поврзува урнатините на големата средновековна тврдина Ехренберг и урнатините на тврдината Форт Клаудиjа од 17 век.
По завршувањето на изградбата, во октомври, Рojте ќе поднесе барање за вбројување на мостот во Гинисовата книга на светски рекорди.
Преминот преку мостот ќе се наплатува меѓу пет и осум евра.

Испрати коментар

Scroll To Top