Насловна / Арт и дизајн / Почна фестивалот Skopje Light Art District

Почна фестивалот Skopje Light Art District

Третото издание на Mеѓународниот фестивал на светлосната уметност, Skopje Light Art District почна вчера во 20:30 часот, на однапред утврдени 18 локации, од плоштадот „Македонија“, преку кејот на реката Вардар, до Градскиот парк. Фестивалот ќе трае од 19 до 22 август, ќе се одвива по однапред утврдена рута и за посетителите ќе понуди многубројни светлосни инсталации, кои ќе ги оживеат објектите во центарот на градот.

4_resize

3_resize

Skopje Light Art District претставува симболичен мост, живописна врска што ги обединува уметноста, технологијата и науката, минатото со сегашноста и иднината, градот и природата, користејќи го јазикот на светлината. Фестивалот годинава ќе испрати пораки за заштита на животната средина – преку одговорни одлуки и начин на живот да се заштити природата и нејзините богатства.

2_resize

Скопјани имаа можност да ги проследат и 3Д проекциите на објектот „Палата Рубен“во Градскиот парк, каде што се одржува и меѓународниот натпревар во видео мапирање, чиј победник на крајот ќе биде носител на фестивалското гран при, наградата „Златко Славенски“.

1_resize 5_resize 6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top