ЈП за државни патишта започна со асфалтирање на пристапната сообраќајница до Штип при влез од Кочани, од триаголникот кај Чардаклија па се до кружниот тек кај „Железничка“.
На стартот на градежните зафати присутен беше и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев: „Започнуваме со уредување на уште еден од влезовите во Штип. Со ова практично сите влезови во градот ќе бидат асфалтирани. Во 2013 беше асфалтирана обиколницата во Ново Село, при влез од Струмица и Радовиш, пред некој месец го завршивме влезот во Штип од Скопје и Велес а сега го уредуваме влезот и од Кочани кон Штип и сето тоа со финансиска поддршка на ЈП за државни патишта“.