Додека реконструкцијата на Сава Центар во Белград полека привршува, неговиот идеен творец не успеа повторно да го види во полн сјај своето извонредно дело. Авторот на најголемиот конгресен центар во поранешна Југославија, архитектот Стојан Столе Максимовиќ, почина на 21. 02 во својот дом во малото гратче Нахант (Масачусетс) во САД.
Роден е во 1934 година во Суботица, но поради Втората светска војна неговото семејство се преселило во Ваљево, каде Стојан го завршил средното образование. Студиите по архитектура ги завршил во Белград во 1959 година, по што набрзо се вработил во Урбанистичкиот институт на Град Белград (1960-1970).
Општинска зграда Нов Белград
Потоа преминува во Заводот за изградба на град Белград (1970-1982), продолжува кариерата да ја развива надвор од границите на Југославија. Прво во бирото SM Archicentre Office во Кувајт (1982-1986), Leonhard Moll Co во Минхен (1986-1987), TAC The Architects Collaborative во Масачусетс (1987-1991), потоа основа сопствено биро Stojan Maksimovic Architect во Нахант.
Спортски центар „Врачар“, Белград
Разновидноста на неговата уметничка личност ја докажува и неговото сликање акварели.
За своите поединечни дела награден е со Сојузната награда на дневниот весник „Борба“ (1977), Октомвриската награда на Град Белград истата година, а за вкупниот опус највисокото колегијално признание на Сојузот на архитекти на Србија – Големата награда за архитектура, во 1990 г. Архитект Максимовиќ бил дел од тимот кој работел на урбанистичкиот проект за обновата на центарот на Скопје во 1965 година.
Комплексот Сава Центар и Интерконтинентал, Белград
Со Јосип Броз Тито пред макетата на Сава Центар
Архитектонски реализации
Ресторан „Ушќе“ на левиот брег на Сава во Белград (1960–63)
Зградата на општинското собрание на Нов Белград (1961–73)
Зграда V на Општинското јавно обвинителство во Белград (1965–68)
Центар „Сава“ во Белград (1977)
Хотел „Интерконтинентал“ во Белград (1979)
Станбена зграда во Белград (1971–74)
Станбени згради во низа во Белград (1972–74)
Спортски центар „Врачар“во Белград (1967–69)
Станбен облакодер во Белград
Семејни куќи во Мугеба на Истарската ривиера (1977)
Семејни куќи во Пао Алто (1998)
Студентски центар Вилијам и Мери во Вилијамсбург
Сопствена семејна куќа во Нахант (1996) и др
Сава Центар, обновен
скици за ентериерот на Сава Центар
Урбанистички проекти
Обнова на центарот на Скопје (во тимот, 1965)
Детален урбанистички проект за реконструкција на булеварот Војвода Степа во Белград (1967)
Урбанистички план за реконструкција на блокот помеѓу улиците Делиградска, Тиршова, Крал Милутин и Бирчанинова во Белград (со М. Јакшиќ, 1967 г.)
Урбанистичко планирање (со Д. Кадовиќ, 1967) и архитектонско решение на XI и XII месни заедници на Врачар во Белград (1972–74)
Урбанистичко решение за реконструкција на потегот од Калемегдан до Славија во Белград (со Б. Новаковиќ, прва награда ex aequo, 1968) и др.
Станбен облакодер во Белград
прошетка со Јосип Броз Тито и Јованка Броз во Сава Центар
Со Јосип Броз Тито и Јованка Броз пред макетата на Сава Центар