Насловна / Архитектура / Почина Синди Прицкер, соосновач на Прицкеровата награда за архитектура

Почина Синди Прицкер, соосновач на Прицкеровата награда за архитектура

Американската филантропка Marian Friend Pritzker (1923–2025), позната како „Cindy”, соосновач на престижната награда за архитектура Прицкер, почина во саботата на 101-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Г-ѓа Прицкер беше во брак со бизнисменот Џеј Прицкер, со кој имаше пет деца. Таа беше на чело на Управниот одбор на Јавната библиотека во Чикаго, а во 1979 година со својот сопруг ја основала Прицкеровата награда, која често се нарекува „Нобел за архитектура“.

Пример за отпорност за издржливост, решителност и моќ на смеата

Синди Прицкер е родена во Чикаго на 15 декември 1923 година. Таа се омажила за Џеј Прицкер откако се запознале како тинејџери и останале заедно до неговата смрт од срцев удар во 1999 година. Џеј Прицкер го изгради ланецот хотели Hyatt и помогна да се зголеми семејната империја вредна повеќе милијарди долари.

„Синди ги допре животите на многумина, служејќи како пример за издржливост, решителност и моќ на смеата“, се вели во соопштението на нејзиното семејство. „Се соочуваше со предизвици со непоколеблива решителност, носејќи ја својата енергија и храбар дух во секој потфат. Нејзиното наследство живее преку институциите што ги обликуваше, градот што го сакаше и семејството што го ценеше“.

Г-ѓа Прицкер и Џеј Прицкер, обајцата обожаватели на архитектурата, ја воспоставиле наградата Прицкер за архитектура во 1979 година. Синди Прицкер имала голема улога во ангажирањето на архитектот Френк Гери за проектирање на павилјонот Џеј Прицкер во Милениум паркот во Чикаго.

Jay Pritzker Pavilion

„Енергична и неизбришлива, самоуверена, но сепак љубезна, Синди беше воодушевена од животот и настојуваше да ја подобри благосостојбата на секој граѓанин. Беше добронамерна визионерка, создавајќи партнерства меѓу јавниот и приватниот сектор за да спонзорира граѓанското опкружување, давајќи модел за пошироката заедница“ – сe наведува на профилот на Инстаграм на Прицкеровата награда.

“Нејзиното наследство ќе биде неизмерно. На меѓународно ниво, ќе остане запаметена по унапредувањето на една од највлијателните хуманитарни уметности, но ние ќе ја паметиме како дама која сакаше соба полна со розови божури и смеа. Нека сите тежнееме да бидеме малку повеќе како Синди”, се додава во соопштението.

Испрати коментар

Scroll To Top