Како последица од тешка болест, минатата ноќ во Пула почина Младен Стилиновиќ (Белград, 1947), еден од најважните хрватски и европски современи уметници.
Младен Стилиновиќ беше претставник на таканаречената нова уметничка практика и член на Група шестмина автори (1975 – 1979), составена од Владо Мартек, Борис Демур, Жељко Јерман, Свен Стилиновиќ и Федор Вучемиловиќ.
Еден е од главните автори на новата уметничка практика, на уметноста непосредно изложена на улица, на изложби-акции на улиците и плоштадите во Загреб, и уметник кој отворено го критикуваше галерискиот систем.
Стилиновиќ се занимавал со експериментален филм, а неговиот уметнички опус се состои од колажи, фотографии, слики, инсталации, филмови, видео дела.
Неговите дела се изложени во некои од најпрестижните музеи во светот.