Насловна / Вести / Почина Лери Теслер, творецот на командите copy – paste

Почина Лери Теслер, творецот на командите copy – paste

Лери Теслер еден од пионерите на компјутерските науки почина во 74. година.

Во почетокот на 60-тите години Теслер почнал да работи во Силиконската долина, во време кога комјутерите биле недостапни за поголем дел од населението.

tes4_resize

Благодарејќи на неговите иновации, меѓу кои се командите cut (исечи), copy (копирај) и paste (залепи), компјутерите станале многу полесни за користење.

Компанијата Ziroks, во која Теслер поминал дел од работниот век му оддала почит „Теслер некогаш беше истражувач во Ziroks. Вашиот работен ден денес е полесен, благодарејќи на неговите револуционерни идеи“.

Лери Теслер е роден 1945. Година во Њујорк, а студирал на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. По дипломирањето се специјализирал за дизајн на кориснички интерфејс. Главна задача му била компјутерските системи да ги направи поедноставни за корисниците.

тес2_resize

Во текот на кариерата работел во повеќе големи технолошки компании. Почнал во Ксерокс, а потоа Стив Џобс го повикал во Епл, каде поминал 17 години и стигнал до местото главен научник.

Откако го напуштил Епл, отпочнал сопствен образовен стартап, а повремено работел за Амазон и Јаху.

Во разговор за ВВС пред осум години изјавил: „Речиси дека постои правило – откако ќе заработите некои пари, не одите во пензија, туку некој период финасирате други компании. Силно е и возбудливо чувството поради шансата да го пренесете знаењето на помладите генерации“.

tes3

Веројатно еден од најпознатите пронајдоци на Теслер, командите „копирај и залепи“, наводно се засновал на стариот начин на уредување, кога луѓето физички отсекувале делови од текстот и ги лепеле на друго место.

Оваа команда за прв пат е вклучена во Епл софтвер во 1983 година на компјутерот Лиза. Една година подоцна се нашла во оригиналниот софтвер за Мекинтош.

Музејот на компјутерска историја во Силиконската долина соопшти дека Теслер „ги комбинира компјутерските науки со своевидната идеја на контракултурата, дека тие треба да бидат достапни за секого“.

Испрати коментар

Scroll To Top