Насловна / Арт и дизајн / Почина Кристо – бугарскиот уметник кој ги завиткуваше зградите

Почина Кристо – бугарскиот уметник кој ги завиткуваше зградите

Светски познатиот уметник Христо Јавашев – Кристо, почина во 84. година од животот во својот дом во Њујорк.

„Кристо го живееше животот со жар, не само фантазирајќи за работи кои се сметани за невозможни, туку и правејќи ги“, се вели во соопштението за неговата смрт.

1_resize

Христо Јавашев е роден 1935. година во Габрово. Бегајќи од комунизмот ја напуштил Бугарија во 1957. година. Прво заминал во Прага, потоа во Виена, а оттаму во Женева. Една година подоцна се преселил во Париз, каде ја запознал Жана – Клод, која не му била само сопруга, туку и партнер во креативноста и уметноста. Таа починала во 2009. година.

Заедно станаа познати по оригинални поставки, вклучувајќи го и пакувањето на најпознатите светски градбуи и простори. Нивниот најпознат проект е завиткувањето на Рајхстагот во Берлин во 100.000 квадратни метри сребрена ткаенина.

берлин_resize

Кристо во 1995 година го завика Рајхстагот во Берлин

Со ткаенина го завиткуваа брегот на Австралија, ги опколувале со ткаенина островите на Флорида, спуштиле платнена завеса во Колорадо, во Лондон пред две година направена е пловечка мастаба, составена од 7.506 буриња за нафта.

Пандемијата на коронавирусот го одложи завиткувањето на Триумфалната капија во Париз, но на официјалниот Твитер профил на Кристо, стои дека и покрај неговата смрт, проектот ќе биде реализиран.

тбитер_resize

Ова се некои од неговите најпознати дела:

лондон_resize

Лондонска мастаба висока 20 метри направена од буриња за нафта

аустрал_resize

Кристо во 1969 година го завиткал австралискиот брег во ткаенина

мајами_resize

Завиткување на остров во Мајами

колорадо_resize

Завеса во колорадо висока 111 метри и долга 381 метар

Испрати коментар

Scroll To Top