Почина Коста Хаџи Антоновски, идејниот творец на Малиот битолски Монмартр.
Тој беше познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцираше многу млади ликовни таленти, а некои денес врвни ликовни сликари. Исто така беше и иницијатор и организатор на многубројни културни настани во Битола. Добитник е на многубројни награди и признанија во земјата и странство.
Благодарение на Хаџи Антоновски, Битола беше ставена на мапата на ликовните уметници ширум светот, а Малиот битолски монмартр беше настан каде едвај чекаа да дојдат деца ликовни творци од сите страни на светот.
Малиот битолски монмартр беше амбасадор на Битола, а за тоа беше најзаслужен Коста Хаџи Антоновски чија најголема среќа беше да ги гледа децата кои творат низ битолските улици.