Насловна / Архитектура / Почина еден од најзначајните македонски архитекти Петар Муличковски

Почина еден од најзначајните македонски архитекти Петар Муличковски

Еден од најзначајните македонски архитекти Петар Муличковски, почина утрово на 93 годишна возраст.

Роден е во 1929 година во Прилеп. Дипломирал на Факултетот за архитектура, градежништво и геодезија во Љубљана во 1957 година на тема „Архитектонско и урбанистичко планирање“ во класата на професор Едвард Равникар. Во 1959 година е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје, во 1967 година за доцент, а во 1978 за редовен професор на Архитектонскиот факултет по предметот Урбанизам, каде што ја завршува својата кариера во 1989 година.

p1

Во периодот меѓу 1964 и 1965 година престојува во САД. На Универзитетот во Беркли, Калифорнија, специјализира регионално и просторно планирање. Кратко време се усовршувал и на Универзитетот во Харвард, во студиото на Френк Лојд Рајт во Талесиен Вест во Аризона и во школата на Мис ван дер Рое, Институтот за Технологија во Илиноис, Чикаго.

vlada_skopje

Во своето творештво се јавува како сестран архитект кој оставил видливи траги како во архитектонското проектирање, така и на полето на научно – образовната публицистичка активност. Активно учествувал со свои есеи, статии и коментари во печатот и бил често присутен со актуелни теми од областа на архитектонското и урбанистичко творештво на радиото и телевизијата.

Во слободно време се занимавал со со графичко изразување – илустрации, плакати и цртежи, како и со обликување на модели.

p

Забележително е неговото учество на архитектонски конкурси на кои добил две први награди, шест пати бил првопласиран во Македонија, како и четири први награди во другите југословенски републики.

Беше член е на Академијата на архитектите на Македонија.

p4

Позначајни реализирани објекти од творештвото на Муличковски

Административниот комплекс на ЦК КПМ (денес Влада на Република Македонија, преобликувана) – Скопје, 1970 г.

Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, 1971 г.

Банка во Кавадарци, 1974 г.

Спомен-костурница во Кавадарци, 1974 г.

Деловна зграда на „Симпо“ во Врање – Р. Србија, 1975 г.

Новиот центар на Кавадарци, 1978 г.

Сопствена куќа за одмор во Маврово, 1980 г.

p2

Награди и признанија

Спомен плакета на Собранието на град Скопје, 1958 г.

Борбина плакета за зградата на ЦК КПМ, 1970 г.

11 Октомври за зградата на ЦК КПМ, 1970 г.

Повелба од Собранието на град Скопје, 1973 г.

Награда за животно дело „Андреја Дамјанов“, 1994 г.

13 Ноемви за придонес во архитектурата и урбанизмот, 1999 г.

Еден коментар

  1. Ljupco Atanasovski

    Vecna ti slava drag Profesore.Licno znam kolku ti bese tesko da go gledas “maskiranjeto na eden od najznacajnite arhitektonski dela na makedonskata arhitektura vo edna ‘maskaradna sampita” nemilosrdno realizirana od edna politicka mafija. Nazalost kakvi sme -NIKAKVI -uzasnata greska si ostana. I ovoj pat krikot na arhitektonskata fela zavrsi vo vetar i magla. Sepak za mene ke bides VELIKAN vo sekoj pogled i kako profesor i kako arhitekt. Pocivaj vo mir Mulicko.

Испрати коментар

Scroll To Top