Насловна / Вести / Почина Дарко Марковиќ – авторот на легендарниот „Пецко“

Почина Дарко Марковиќ – авторот на легендарниот „Пецко“

Вчера на 76-годишна возраст, по тешко и долго боледување почина Дарко Марковиќ (Дар-Мар), карикатурист и сатиричар, режисер на анимирани филмови, цртач на стрипови, дизајнер и архитект.

Роден во Скопје во 1940 година, гимназија завршува во „Јосип Броз Тито“, а факултетското образование го добива на Архитектонскиот факултет.darko-markovic1

Во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ.

Во 1960 година, Марковиќ почнува професионално да се занимава со цртање на карикатури. Паралелно црта за „Нова Македонија“, „Млад Борец“ и „Студенски збор“, а подоцна и за „Вечер“.

Во 1969 година, Марковиќ ја основа Светската галерија на карикатури, а во 1975 година тој преоѓа во „Вардар филм“ и го формира Студиото за анимиран филм.

Во периодот од 1975 до 1985 година за „Вардар филм“ снима околу триесетина анимирани филмови.

Во 1977 година тој ја освојува првата роза на фестивалот во Монтре (Швајцарија), Сребрена роза за музичкиот цртан филм „Каша“.дар мар

Во 1979 година се појавува еден од неговите најпрепознатливи цртани ликови, стрип јунакот „Пецко“. Најпрво се појави во „Нова Македонија“, па во „Дневник“, „Време“, „Слободен печат“.

Во 1983 година е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот анимиран филм.

Истовремено, тој работи и како главен и одговорен уредник на културната програма на Телевизија Скопје (денешна МРТВ).

Од 1988 до 1995 година тој живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија.

Во 1996 година Марковиќ е дел од тимот кој ја формира телевизијата „Телма“.

Автор е и на неколку книги, меѓу кои се автобиографскиот роман „Лична карта“, романот „Балкан во Лондон“…

Списокот на награди за неговите анимирани филмови и карикатури и изложби е долг. За филмовите „Стоп“ и „Граница“ има Златен медал на Југословенскиот фестивал за краткометражен филм, Сребрен змеј за филмот „Циркус“ во Краков, Полска, осум Златни бубамари, награда „Мартини“ за неговите карикатури во Бордигера, Италија, наградата „Крсте Мисирков“, наградата на „Остен“ за животно дело…

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top