Насловна / Архитектура / Почина британскиот архитект Ричард Роџерс

Почина британскиот архитект Ричард Роџерс

Ричард Роџерс, британски архитект и добитник на Прицкеровата награда, почина на 88-годишна возраст во саботата на 18 декември, објави Њујорк Тајмс.

Роџерс е роден во Фиренца, Италија, 1933 година, а четири години подоцна се преселил со семејството во Англија. По завршувањето Architectural Association во Лондон, студирал на Универзитетот Јеил во САД, каде што развил интерес за делата на Френк Лојд Рајт, пишува ArchDaily.

0

Кога се вратил во Англија, Роџерс, заедно со Норман Фостер, Сузан Брумвел и Венди Чизман, ја основале архитектонска фирма Тим 4 која траела кратко.

Во 1977 година, Роџерс го основал бирото Richard Rogers Partnership (преименувано во Rogers Stirk Harbor + Partners во 2007 година) и со тек на времето станал еден од најголемите британски архитекти кога станува збор за високотехнолошката архитектура.

zorz

Центарот Помпиду , Париз

Меѓу неговите најпознати проекти се Центарот Помпиду проектиран во партнерство со Ренцо Пијано во Париз, Европскиот суд во Стразбур, зградата на осигурителната компанија Лојдс и Терминалот 5 на Хитроу во Лондон, како и Терминал 4 на аеродромот Мадрид-Барахас, во соработка со бирото Estudio Lamela, Милениумската купола во Лондон (O2 арена), по повод прославата на 2000 година, за која добил остри критики од принцот Чарлс.

milenium

Милениумската купола (O2 арена) во Лондон

Во 1998 година, потпретседателот на владата го назначил да претседава со Урбанистичката работна група на Владата на Обединетото Кралство.

Како што наведе Фондацијата за Прицкеровата награда, Роџерс во една прилика изјавил дека градовите на иднината „повеќе нема да бидат зонирани како денес, во изолирани гета за една активност, туку ќе изгледаат како побогатите, слоевити градови од минатото“.

straz

Европскиот суд во Стразбур

Покрај тоа што добил Прицкер во 2007 година, Роџерс освоил и бројни други награди, Praemium Imperiale во 2000 година, Медал на Меморијалата фондацијата Томас Џеферсон во 1999 година, Arnold W. Brunner Memorial Prize во 1989 година и Кралскиот златен медал од Кралскиот институт на британските архитекти 1985 година.

lojd

Лојдс, Лондон

Кога Роџерс во 2007 година ја доби наградата Прицкер, жирито ја пофали неговата комбинација на „љубов кон архитектурата со длабоко познавање на градежните материјали и техники. Неговата фасцинација со технологијата не е тука само поради уметничкиот ефект, туку, што е уште поважно, таа е средство да се направи архитектурата попродуктивна за оние на кои им служи. Неговото залагање за енергетската ефикасност и одржливост имаше траен ефект врз професијата“.

madr

Терминал 4 на аеродромот Мадрид-Барахас

1

Ричард Роџерс и Ренцо Пијано

Испрати коментар

Scroll To Top