Насловна / Архитектура / Почина архитект Александар Смилевски (1939 – 2024)

Почина архитект Александар Смилевски (1939 – 2024)

Македонската архитектура остана без уште еден нејзин истакнат творец. Замина архитект Александар Смилевски, оставајќи трага со своето богато и разновидно творештво. Почина уште еден архитект од херојската генерација на македонски архитекти која полека си заминува од сцената.

Александар Смилевски е роден во Скопје 1939 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје 1963 г. По дипломирањето се вработил како проектант во Институтот  за студии и проектирање на ГП „Бетон” во Скопје. Во 1988 година е избран за директор на институтот од каде што во 1991 година се префрлил во претпријатието „Технометал-Вардар” каде што работел на проектот „Запорожје” за Украина. Во 1995 година преминува во фирмата „Астрекс” во Скопје за која што работел во градот Омск во Русија. По враќањето во 1998 година работи во проектанската организација „Македонијапроект” каде што бил технички директот до 2000 година кога ја напуштил и преминал да работи како слободен архитект.

Александар Смилевски во слободно време имаше и свое хоби, се занимаваше со сликање акварели.

станбени кули „Градски ѕид” во Скопје

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

  • 1981 Специјална награда на БИМАС, за реализацијата на проектот за Домот на културата во Битола,
  • 1982 Специјална награда на БИМАС за станбените кули во населбата Железарница во Скопје,
  • 1989 Специјална награда на БИМАС, за станбениот комплекс “Капиштец” во Скопје
  • 2008 добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” од Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ,

Гимназијата „Орце Николов” во Скопје

ПОЗНАЧАЈНИ ОБЈЕКТИ

  • 1966 Станбените кули, тип „Б” (П+М+12) од станбениот комплекс „Градски ѕид” во Скопје
  • 1968 Гимназијата „Орце Николов” во Скопје, (со арх.Н.Богачев)
  • 1972 Станбениот блок „Грозд” (П+4 – П+7) во Битола
  • 1976 Станбените кули (П+М+16) во населбата Карпош IV во Скопје
  • 1976 Станбените кули (П+10 – П+12) во населбата Железарница во Скопје (со арх.Љ.Гогов)
  • 1976 Дом на културата Битола со Марко Мушич, ентериер Љубица Никољска
  • 1977 Градскиот реон Аеродром (сега Јане Сандански) во Скопје (со тим)
  • 1978 Детската градинка „Астибо” во Штип (со арх.Љ.Никољска)
  • 1979 Хотелот на Р.Г.О. Бетон во Охрид (реконструкција и надградба)
  • 1980 Надзорно-управната зграда на хидро-мелиоративниот систем „Стрежево”, Битолско
  • 1981 Станбената единка на соседството “А3-4” на Градскиот реон во Ново Лисиче во Скопје (со арх. Љ.Гогов, П.Гребенарска и Д.Јанчулев)

населба Ново Лисиче

Станбени кули во Карпош 4, Скопје

Дом на културата Битола

Испрати коментар

Scroll To Top