Насловна / Вести / Почина академик Никола Хајдин проектантот на браната „Глажња“

Почина академик Никола Хајдин проектантот на браната „Глажња“

Во Белград почина Никола Хајдин, член на Српската академија на наука и уметност (САНУ), професор на Градежниот факултет во Белград и еден од водечките светски експерти во проектирање мостови и лачни брани, јавува РТС.
Роден е 1923. во Врбовско во Хрватска. Дипломирал и докторирал на Градежниот факултет во Белград, каде бил редовен професор од 1966 година.

Nikola
Неговите мостови со коси затеги преставуваат светско достигнување во изградбата на мостови. Проектирал и лачни брани ширум светот. Автор е на повеќе стотици научни трудови. Мошне ценет автор е на цела низа челични и бетонски конструкции.
Од големиот опус на неговото творештво се издвиојуваат: Железничкиот мост преку Сава во Белград (со са Љ. Јевтовиќ, 1979), „Мостот на слободата“ со систем на греди со коси затеги преку Дунав во Нови Сад (1981), лачната брана „Глажња“ во Македонија (1967), еден од најпознатите е мостот на реката Висла во Полска.

lipkovo-380x290

лачна брана „Глажња“, Македонија

Претесдател на САНУ три мандата
Потпретесдател на САНУ бил од 1994. до 2003, а претседател на САНУ во три мандата – од 2003. до 2015. година.
Никола Хајдин бил странски член на неколку академии– Словенечка академија, Национална академија на Атина, Европска академија на наука, уметност и литература со седиште во Париз, Европска академија на наука и уметности со седиште во Салцбург и Европска академија на наука во Лијеж, каако и член на бројни стручни здруженија и комитети. Во 2000. година избран е за почаесен доктор на Националниот технички универзитет во Атина.
Академикот Хајдин дал исклучителен придонес во научната област која се однесува на примена на нумерички методи во Теоријата на еластичност и Теорија на конструкции, и на трудови од Теоријата на тенкоѕидни носачи.
Научниот опус на Никола Хајдин опфаќа преку 230 трудови (од кои половина се објавени во странство во најугледни списанија) цитирани преку 300 пати во странство и во неговата земја.

Нато

„Мостот на слободата“ по НАТО бомбардирањето

Реконструкција на „Мостот на слободата“ точно во милиметар
Никола Хајдин го изработил проектот за реконструкција на „Мостот на слободата“ во Нови Сад срушен во НАТО бомбардирањето.
Хајдин, како ретко кој градител два пати го градел истиот мост, велел дека во реконструкцијата ниту милиметар не се отстапило од првиот проект и дека мостот е потполно ист како пред бомбардирањето.
„Мостот на слободата“ е долг 1.382 метра. Граден е Хајдиновиот систем на коси затеги со два пилона, високи 60 метри.

Most-Slobode

„Мостот на слободата“ по реконструкцијата

Испрати коментар

Scroll To Top