Насловна / Вести / „ПОЦ“ ќе иницира референдум за паркинзите

„ПОЦ“ ќе иницира референдум за паркинзите

opstina centar parkinzi

ЈП „Паркинзи на општина Центар“ планира да покрене иницијатива за референдум преку кој претпријатието ќе излезе со барање сите јавни паркиралишта на сервисните и станбените улици, што се наоѓаат на територијата на општина Центар, да бидат управувани од ова јавно претпријатије.
На ваков начин, велат од „Паркинзи центар“ ќе се реши проблемот со паркирањето на граѓаните од општината чии станбени улици се наоѓаат во општина Центар, а со паркинзите стопанисува ЈП „Градски паркинг – Скопје“.
Од „Паркинзи Центар“ велат дека покренале иницијатива за решавање на проблемот со ЈП „Градски паркинг“, но се уште нема одговор од надлежните институции кои треба да го решат проблемот.

Испрати коментар

Scroll To Top