Насловна / Вести / Победничкото решение на меѓународен конкурс за мост во зелената оаза на Софија

Победничкото решение на меѓународен конкурс за мост во зелената оаза на Софија

Бирото Boele Architects, со седиште во Прага и Лондон, ги здружило силите со берлинското студиото Buro Happold за заеднички да проектираат мост што ќе се протега по целата должина помеѓу стеблата на високи дрвја.

2

Мостот се наоѓа во Јужниот парк во Софија, еден од најголемите паркови во Бугарија, долг е 325 метри, а неговата криволиниска структура овозможува пешачка и велосипедска врска со двата краја на оваа пространа зелена оаза.

Мостот е проектиран да им обезбеди на пешаците или велосипедистите разновидни погледи на околните шуми и планини, а палубите за набљудување се добредојдени за повремен одмор.

Избран за победник на меѓународен конкурс, овој проект ќе биде реализиран кон  крајот на 2023 година, пишува DesignBoom.

1

За изградбата на мостот ќе се користат модуларни системи од дрвени елементи, а архитектонското дуо се надева дека овој метод на градба ќе го минимизира јаглеродот и влијанието на изградената структура врз локалната животна средина.

Како што се наведува, победничкиот проект успешно го решава предизвикот за поврзување во рамките на Јужниот парк, кој моментално е поделен со прометна сообраќајница.

4

Овој централен дел од урбаниот пејзаж на Софија им нуди на жителите опуштено место за одмор во срцето на градот, а во исто време поттикнува микроклима, па затоа било исклучително важно да се пронајде адекватно решение за изградба на новиот мост.

Кога ќе биде завршен, мостот ќе обезбеди континуирана пешачко шеталиште и велосипедска патека по целата должина на паркот, од Националната палата на културата до делот кој е најразновиден по своите содржини и е најпопуларен дел од паркот.

3

Архитектите предложиле заоблен волумен, кој создава слобода над сообраќајницата и кривулесто се протега низ густото зеленило на паркот додека ја преминува реката Перловска. Ширината на мостот варира, со цел да се создадат потребните точки за одмор и уживање во околината.

Мостот со вкупна должина од 325 метри има ширина на трупот од 4,5 до 6,5 метри, кој е составен од модуларни елементи со должина 20 до 24 метри, кои меѓу себе се поврзани со челични конектори.

6

Дрвениот труп стои на челични столбови поставени под агол, за да се намали отпечатокот и да се постигне максимален распон од 15 метри за секој сегмент.

Меѓународниот конкурс за предлог на пешачки мост во Јужниот парк во Софија го организираше Одделението за архитектура и урбанизам на градот.

Сите пристигнати трудови ги оценуваше меѓународно жири во состав: Џеспер Дал, раководител на планирање во Фредериксберг, Копенхаген, поранешен главен градски архитект и главен урбанистички планер на градот Белград Милутин Фолиќ и Ресул Емра Шаха, претседател на Истанбулската агенцијата за планирање.

7 8

Испрати коментар

Scroll To Top