Насловна / Архитектура / Победничко решение на конкурсот за стадионот на Црвена Ѕвезда

Победничко решение на конкурсот за стадионот на Црвена Ѕвезда

На недомна одржаниот повикан конкурс за реконструкција на стадионот на ФК Црвена Ѕвезда во категорија А – Реконструкција на стадионот со задржување на атлетската патека, доделени се две еднаквовредни награди. Едниот проект го потпишува српско – италијански тим кој го сочинуваат фирмите IES – Infrastructure Engineering Services, Italferr S.p.A. и CREW – Cremonesi Workshop S.r.l. чиво решеније го претсавуваме.

3
Концептот кој го предлагаат авторите предвидува паралелно развивање на стадионот со опкружувањето како единствен спортски и комерцијален систем. Кичмата на оваа зона е јавната променада која ја поврзува северната и јужната страна на подрачјето, додека централна и атрактивна точка на мастер планот е стадионот – нов градски репер.

9

Мастер планот на оваа зона, покрај стадионот предвидува и објекти со спортска содржина, шопинг центри, деловни простори во рамки на реконструираната зграда на Спортското друштво, плоштади и јавни простори за одмор и релаксација на отворено како и паркинг со зголемен капацитет.

4
При конципирањето на реконструкцијата на самиот стадион на авторите мошне важно им било јакиот идентитет на Црвена Ѕвезда уште повеќе да се нагласи преку новата форма и функција, а при тоа да се задржи препознатливиот дух на местото, кој постоечкиот стадион го поседува. Поради тоа се одлучиле да го задржат препознатливиот тунел низ кој играчите излегуваат на терен, да го реконструираат, прошират и направат топла врска помеѓу тунелот и соблекувалните на играчите.

2
Непрекинатоста на трибините е од исклучително значење за формирање на континуирани навивачки кореографии и тоа не е нарушено со конкурсното решение. Задржана е и специфичната форма на стадионот, западната трибина и натаму се истакнува како доминанта.
Реконструкцијата на фасадата на стадионот има цел да создаде нов имиџ и современ екстериер, кој би го следел монументалното доживување кое веќе постои внатре. Фасадата и кровот третирани се како дел од иста обвивка, бидејќи поради падот на теренот поголемиот дел од кровот се гледа од човечка перспектива. Целата фасада е во црвена и бела боја, а поради динамичноста се менува во зависност од аголот на гледање.

1.250
Стадионот е комплетно функционално реконструиран за да одгови на барањата и стандардите на УЕФА. Подземно ниво е предвидено под западната и под дел од северната трибина со подземен пристап на возила. Оваа подземна улица овозможува контролиран влез на автобусите со играчите, кои преку топла врска низ микс зоната влегуваат во објектот. На ова ниво сместени се соблекувални и пратечки простории за играчите, допинг контролата, простории за медиуми, судии и делегати, магацински простори, ВИП паркинг и ВИП влез за гости.

Stampa
Приземјето е опремено со тоалети, штандови за храна и пијалоци, простори за прва помош, следејќи ги стандардите на УЕФА за стадион категорија 4. Предвидени се 26 влеза од кои два се за ВИП гости.

14
Првиот кат е предвиден како своевидна променада т.н. „престен“ во кој во деновите кога не се одржуваат натпревари на посетителите им е овозможено да прошетаат цел круг околу стадионот и го доживеаат клубот. Оваа променада поврзува кафулиња, ресторани, спортски продавници, јавна комерцијална тертетана, музеј на ФК Црвена Ѕвезда и продавници за сувенири. Во овој дел на променадата се влегува преку посебен влез од приземје или преку ескалатори кои го поврзуваат подземниот шопинг центар со променадата. Поглед од прстенот се протега кон стадионот, но и кон цел Белград.

6
На првиот кат на западната трибина сместени се и спонзорските ложи, банкет сала, ложи за легендите на Црвена Ѕвезда како и два ексклузивни ресторана кои за време на утакмица ќе ги опслужуваат сите ВИП гости. Комерцијалните содржини кои се сместени во прстенот му овозможуваат на стадионот да живее минимум 300 дена во годината, што е начин да се обезбеди економска одрживост на стадионот.

7
На вториот кат на западната трибина се наоѓаат ВИП содржини – 33 SKYBOX ложи со пратечки барови кои воведуваат ново ниво на комфор.
На третиот кат на западната трибина се административните простории на клубот, како и техничките простории – контролни соби за камери и звук, продукција, полиција и пожарна.

1
Рентабилноста на новиот, реконструиран стадион најефикасно може да се постигне преку содржините кои стадионот ги нуди. Ова неминовно влијае на диверзификација на публиката на која и се нуди разновидно спортско и комерцијално искуство на стадионот со фокус на што поквалитетни услуги. Објектот на стадион, кој на овој начин се третира како повеќенаменски објект со препознатлива естетска експресија и широк спектар на комфор, има многу поголема ефикасност и искористеност, а со самото тоа и поголем раст на приходите.

Испрати коментар

Scroll To Top