Насловна / Вести / Победничката коалиција во Италија се залага за поголемо домашно производство на природен гас и нуклеарна енергија

Победничката коалиција во Италија се залага за поголемо домашно производство на природен гас и нуклеарна енергија

Соработка во рамките на Европската унија во остварување на климатските цели и одржлива енергетска транзиција, но без исклучување на природниот гас и нуклеарната енергија. Тоа е платформата на победничката коалиција во Италија за соочување со енергетската криза, што воедно ќе биде и прв тест за новата влада. Ултрадесничарската партија Fratelli d’Italia, предводена од Џорџа Мелони, го предводи сојузот кој освои мнозинство во двата дома на националниот парламент.

italia1

Последните две од четирите нуклеарни електрани во Италија се затворени пред крајот на својот животен век после референдумот од 1987 година, а една остана незавршена. Уште во текот нa изборната кампања, сега победничката коалиција често зборуваше за можностите за повторно активирање на нуклеарките. Токму во коалицискиот договор стои дека „ќе се испита можноста за користење на нуклеарната енергија на безбеден начин“. Истовремено, се потенцира и заложбата за зголемување на домашното производство на природен гас, како и подршка за инвестициите во водород и производство на енергија од отпад. Притоа не се занемарува и важноста на инвестициите во обновливи извори на енергија. Иако Мелони важи за скептик по прашањето на климатските промени, десничарската коалиција сепак ветува дека ќе ги следи и ажурира меѓународните обврски на Италија во таа област.

italia2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top