Европскиот парламент го изгласал усогласениот текст на уредбата која пропишува дека на пазарот после 2035 година може да се нудат само новите автомобили со нулта емисија на стакленички гасови. Од застапничкиот клуб на Европската народна партија (ЕПП), кој е најброен во Европскиот парламент, побарана е ревизија на одлуката со која се забранува продажба на автомобили со внатрешно согорување по 2035 година. Оваа одлука била изгласана во средината на февруари 2023 година. Но, веќе на почетокот на март истата година, во Советот на ЕУ било блокирано конечното усвојување, по што Германија во последен момент се спротиставила и побарала да се дозволи продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување кои ќе користат е – горива. Во таквиот став на Германија и се придружиле Италија, Полска и Бугарија.
Уредбата конечно е усвоена на крајот на март, откако Кимисијата постигнала договор со Германија, според кој постоечкиот текст на законот за забрана на возилата со мотори со внатрешно согорување останува непроменет, а Комисијата се обврзува да донесе делегирана уредба со која ќе се воведе нова категорија возила во ЕУ, за автомобили со погон на јаглеродно неутрални горива. ЕПП истакнува дека постоечката уредба ги фаворизира електричните возила и додава дека во насока на постигнување на климатска неутралност треба да се заземе технолошко неутрален пристап, односно треба да се признаат алтернативните горива, како е-горивата, био горивата, обновливите или синтетичките горива. Исто така, велат дека треба да се признае и улогата на другите технологии, како plug-in хибридите, како и да се обезбеди достапност на инфраструктурата за полнење на алтернативни горива и ценовна достапност на електричните возила. Тие бараат и поместување на предвидената ревизија на уредбата за следната година, со цел на производителите да им се обезбеди доволно време за прилагодување.