Насловна / Вести / По желба на Дарко Рундек, на неговите концерти во Белград чаши кои не се фрлаат

По желба на Дарко Рундек, на неговите концерти во Белград чаши кои не се фрлаат

На манифестацијата „Денови на Дарко Рундек во Белград“, која се одржува од 1ви до 7ми март 2019 во Домот на младината во Белград, посетителите за прв пат во Србија ќе имаат прилика да конзумираат пијалоци исклучиво од трајни чаши кои не се фрлаат. Имено, на неколку пунктови на местото на настанот, за 100 српски динари кауција (0,85 евра), може да се добие чаша за пиво, вода или сок. При излегувањето,  има можност да се земе чашата како сувенир, или пак да се врати со што назад се добива кауцијата.

Претходно, во најавата за својата турнеја, музичарот се обрати на својата публика со видео порака, преку која ги замоли да го почитуваат ова правило. Според неговите зборови, со тоа се избегнува фрлање на илјадници пластични чаши на вакви настани, кои со децении ќе ја загадуваат животната средина.

Drundek2

Drundek1

Drundek3

Испрати коментар

Scroll To Top