Во 2016 година, Complexul Energetic Oltenia (CEO), најголемата енергетска компанија во Романија, планираше да го прошири постоечкиот рудник на лигнит Rosia, со површина од 1.475 хектари, за дополнителни 280 хектари, од кои 235 покриени со шума. Во судскиот случај кој започнал во 2017 година, Bankwatch ја оспори оваа одлука, со образложение дека одлуката за проширување е донесена без консултации со засегнатите страни, првенствено со локалните жители, како и без анализа на кумулативниот импакт врз животната средина на осумте рудници за јаглен во областа. Исто така, проширениот дел од рудникот би бил лоциран само на 10 километри од локацијата Natura 2000 (Coridorul Jiului), односно заштитените загрозени видови на оваа локација би биле под негативно влијание. Подземните води во радиус од 30 километри би биле загадени, и тоа во област каде населението веќе с есоочува со контаминација на водата од постоечките рударски активности. Врз основа на сите овие аргументи, неодамна Судот во Букурешт го запре проширувањето на рудникот.
Романија е една од седумте земји членки на ЕУ кои сеуште не се изјасниле за датумот за целосно напуштање на јагленот како енергент, но секако нема да биде во можност уште долго да ја одложува оваа одлука.