Насловна / Архитектура / По земјотресот, Загребската катедрала ја чека својата нова реставрација

По земјотресот, Загребската катедрала ја чека својата нова реставрација

Во неодамнешниот земјотрес во Загреб, страдаше и Загребската катедрала, која веќе 29 години е во фаза на обнова и реконструкција. Доколку не се случеше земјотресот, за нешто повеќе од една година комплетните работи ќе беа завршени. Но, сега треба да се направат уште многу работи, а дури во следните денови ќе се утврдат вистинските размери на оштетувањата. Согласно првичните проценки, стручњаците велат дека има пукнатини на двете кули, пукната е и сајлата која го држела крстот, и тоа се приоритетите за санација засега. Познато е дека оваа катедрала веќе страдала во земјотрес во 1880 година, кога имала само една кула. Во таа обнова кон крајот ан 19-тиот век, која ја изведува австрискиот архитект Hermann Bollé, се отфрлаат сите дотогашни стилови кои биле присутни на изворната средновековна градба, за да се добие репрезентативен изглед на готиката, па одлучено било објектот да има две кули.

Иако оваа година требало да се одбележат триесет години од тековната реконструкција, извесно е дека од тоа нема да има ништо од тоа. Сега на потег се стручњаците, кои треба да излезат со детален план за нова санација.

Zagreb: Posljedice potresa u centru grada

zagrebkatedrala2

zagrebkatedralan

Испрати коментар

Scroll To Top